ЗА МАЛЕНА КОЗМЕТИКС

Ослободете ја вашата внатрешна убавина, без да го жртвувате буџетот

Во денешно време, шминкањето е уметност, начин за изразување на личноста. Ние во тимот на Малена Козметика веруваме во истражување и креирање на изглед кој ве дефинира.

Ви нудиме широка палета на производи за убавина како и колоритна палета на шминки за секојдневна употреба. Малена Козметикс е создадена во 2009, таа им овозможува на жените да ја истакнат својата внатрешна убавина и користејки ја истата да не го жртвуваат сопствениот буџет.

Потеклото на нашите производи е од Германија и Франција што е доказ за квалитетот кој го нудиме. Почнавме со лакови за нокти со широк спектар на бои, за вие секогаш да имате одличен избор за вашите креации.

Знаеме дека убавината нема цена. Вашето лице заслужува посебно внимание и шминка направена за вашите потреби: различни формули на моливи, пудра, сјаеви за усни, маскари, тушеви, тушеви со мека четка, прецизни отцртувачи итн. Изборот на сите наши производи е направен со големо внимание за да ги задоволи потребите на сите купувачи.

Спориот развој е последица на нашата посветеност на детали и внимателниот избор на најдобрите производи за вас и истовременото следење на најновите трендови во модерниот свет. Мисијата на Малена Козметикс е насочена кон проширување на палетата на производи со висок квалитет која ке ги содржи сите производи од козметичката индустрија. Правиме најдобро што можеме и даваме се од себе за да дојдеме до производи со висок квалитет и прифатливи цени за сите потрошувачи. Визијата продолжува да го направиме брендот Малена Козметикс синоним за одличен сервис, квалитет, вредност и доверба и да ги достигнеме светски познатите брендови.